На 16.01.2023 година во 20.54 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на А.Е.(63) на улица „Пиринска“ во Струмица, во која било пронајдено и едно починато лице.
Од страна на територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а увид на местото ќе биде вршен во текот на денешниот ден од страна на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
Од ТППЕ Струмица интервенирале со три возила и 9 пожарникари.