• Fri. Nov 22nd, 2024

Една година сириски бегалец живее на аеродромот во Истанбул

Фади Масур од Сирија, цела година живее на аеродромот во Истанбул. Спие во соба за проблематични патници и чека да го депортитаат во неговата земја.

Во првите неколку месеци, вели, се плашел од враќањето во неговата земја, која е зафатена со војна. Сега, по толку денови поминати на аеродромот, повеќе не му е гајле, туку напротив, се радува.

„Таму барем ќе умрам и се’ ќе биде готово. Тука умирам полека секој ден.“- им се доверил на роднините.

Голготата на фади започнала во август 2012 година. Војната веќе била започната, а ова момче од страв од мобилизација побегнало во Либан. Меѓутоа бил киднапиран од една банда која барала откуп за да го ослободи. Не е познато дали некој за него платил, но во 2014 Фади се појавил во Турција. Сакал да оди во Малезија каде би започнал нов живот, но неговите соништа се срушени кога турската гранична полиција го фатила со фалсификувани документи.

Од тој момент за него започнува пекол. Цела година не видел природно светло, но исто така нема спиено ни во мрак.  Во текот на престојот на аеродромот, го нападнал еден проблематичен патник, па турските власти решиле да го вратат во Либан. Но властите во бејрут му забраниле влез, па е вратен во Истанбул.

На сириецот му е премногу од живот на аеродром, па на Твитер ги замолил турските власти да го пуштат со пораката: „Една година е сосема доволно.“ Во целата приказна се вмешаа и Амнести Интернешенал кои бараат итно ослободување на ова момче.

извор: blic.rs

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *