• Thu. Nov 21st, 2024

Еден починат и 18 новопозитивни

Еден починат и 18 новопозитивни

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 684 тестови, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 16 и Битола – 2.

Од вкупниот број на позитивни (18), регистрираниа е 1 реинфекција.

Регистриран e 231 оздравен пациент од: Скопје – 101, Битола – 41, Прилеп – 24, Кичево – 13, Охрид – 8, Кавадарци и Радовиш – по 6, Штип – 5, Велес – 4, Куманово, Тетово, Кочани и Делчево – по 3, Струмица и Крушево – по 2, Струга, Неготино, Ресен, Крива Паланка, Виница, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Струмица (86г), починато во домашни услови, пријавено на 30.03.2022 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *