Како да се унапреди еколошкото образование во основните училишта. Дали тоа да биде формално или неформално и кои мерки треба да бидат превземени за да се унапреди овој тип на образование кај учениците од прво до деветто одделение. Ова беа прашањата на кои се дебатираше во Домот на АРМ а на кој беа пристуни директори, наставници, ученици од основните училишта, преставници од општина Струмица но и родители. Ова дебата ја организираше ЕД,, Планетум’’ од Струмица со цел да се излобира поголемо внимание на екологијата како област во образовниот и воспитувачки процес.
На дебатата се разговараше за искуствата од еко клубовите, дали еколгоијата да биде задолжителен или факултативен наставен предмет, со кои проблеми се соочуваат училиштата и наставниците при обработка на еко теми, како практично се едуцираат учениците со еколошките поими и области.
На крајот од дебатата беше заклучено дека е потребно, поголема активација на училиишнбите еко клубови и секции, воведување слободен час за екологија од 1 до 4 одделенија , иницијатива предметот Иновации во 9 одделение да се замени со екологија, поголема подршка од државните институциите во врска со практична примена на изучените еколошки поими и области, координација со локалните комунални претпријатија за одржување на часови на терен за автентично запознавање со еколошките области и обезбедување садови од комуналните претпријатија за селекција на отпад и транспорт до откупни центри, интензивирање на соработка со граѓанските организации ( еколошки друштва) за одржување на еко часови,вклучување на локалната заедница и бизнис секторот со мотивација на на одредени училишни еко акции
Мисијата на ЕД ,,Планетум„„ е заштита и унапредување на животната средина преку решавање на прашања и проблеми поврзани со отпадот, развојот на алтернативниот туризам и одржлив урбан развој.Визијата на Планетум е да се развие во лидерска еколошка организација за застапување на граѓанскиот интерес во јавните политики за животна средина на национално и меѓународно ниво. Планетум бара здрава и квалитетна животна средина за сите.Дебатата е дел од активностите во рамките на Институционалниот грант на ЕДЕ Планетум „ Програма за поддршка на граѓанско општество“ – Цивика Мобилитас.
ЕД Планетум досега има спроевдено многу еколошки едукации во соработка со: градинки, основни и средни училишта во Југоисточниот регион, кој се дел од неформалното образование.