Егзит фестивалот под мотото ГЕТ ЕКСАЈТЕД во септември доаѓа во градот под Царевите кули. На 7 септември во очи празникот на независноста ќе се одржи еднодневната забава со светски и регионални музички ѕвезди. Ова го најавија на денешната прес конференција организаторите, кои велат дека намерите се од следната година Струмица да биде домаќин на повеќедневни музички случувања. Деталната програма со гостите, но и локацијата ќе бидат најавени во најскоро време.
-Гет ексајтед е концепт на еднодневен настан, на една единствена, нова локација во Струмица на која досега немало организирано било каков настан. Ова е одлична соработка меѓу Егзит и општина Струмица. Од она што можам да кажам е дека ќе биде во прилика да уживате во настапи на интернационални и светски ѕвезди, како и регионални ѕвезди. Во најсокоро вреќе ќе се знае програмата, локацијата и билетите ќе бидат пуштени во употреба. Егзит како фестивал кои постои 22 години има големи врски со важата држава. Години наназад гости на Егзит доаѓаат од вашиот град и вашата земја и имаме одлични врски со Македонија. Време е Егзит да дојде кај вас, а не само вие во Егзит. Истовремено наштите две земји имат одлична соработка и сме среќни што и Македонија влегува во големото семејство на Егзит фестивали. Досега освен во Србија, организираме музички настани во Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Грузија, Босна и Херцегоцина, вели Зорица Чадановиќ од Егзит фестивал.
Градоначлникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, вели дека како локална власт сакаат да излезат во пресрет на младите, потрагата по вистински вредности во духот на модерното време. Смета дека Струмица ќе има и економски бенефит од гостите кои би дошле од соседните земји, но и од целиот Блакан кои ќе помогнат за локалниот економски развој.
Општината во финансиската конструкција ќе учествува со 3 милиони денари од ставката обезбедени за Струмица опен фестивал.