• Sun. Nov 24th, 2024

Европска комесарка: Вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на годинава

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, рече дека вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на оваа година.

„Иако е ризично да се предвиди во овој момент, имаме некои добри индикации дека вакцината може да биде достапна до крајот на оваа година или почетокот на следната“, рече Киријакидес во интервјуто за онлајн изданието на Ханделсблат.

Вакцината нема да ги реши сите проблеми одеднаш, додаде таа, но ќе овозможи постепено враќање на нормалноста, под услов да се вакцинира критична маса на граѓани, особено оние кои припаѓаат во ризични групи.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *