• Sat. Nov 23rd, 2024

Државата од 21 јануари ќе управува со топланите – парно ќе има и по полноќ

By

Jan 19, 2022

Владата преку ЕСМ ќе го стабилизира пазарот на топлинска енергија, откако во решавањето на проблемот не се вклучија Градот Скопје и општините. 

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека од 21 јануари АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе го преземат управувањето со БЕГ и со „Скопје Север“. Со тоа ќе се спроведе владината одлука донесена неодамна, со цел да се реши проблемот со парното затоплување во главниот град. Најавите се дека од петок ќе има парно греење до 1 часот по полноќ.

Владата минатата недела (14.01.2022) одлучи БЕГ да го стави под еден вид на „принудна управа“ до крајот на грејната сезона, и преку ЕСМ да го стабилизира пазарот на топлинска енергија, откако во решавањето на проблемот не се вклучија Градот Скопје и општините. 

„Ние не субвенционираме приватни фирми и затоа  е донесена одлука од страна на ЕСМ, која е фирма во 100 процентна сопственост на државата, да се преземе управувањето со БЕГ. Преку државната ЕСМ ќе се покрива разликата од реалната и постојната цена за корисниците“, вели Бектеши. 

извор:https://www.dw.com/mk/%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-21-%D1%98%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D1%9C%D0%B5-%D1%83%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%BE-%D1%9C%D0%B5-%D0%B8%D0%BC%D0%B0-%D0%B8-%D0%BF%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%BE%D1%9C/a-60466956?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *