Жителите на подогражденското населено место Дрвош веќе извесен период немаат вода за пиење. Изворите до резервоарот за селскиот водовод секнаа а во моментов жителите добиваат вода само еден до два часа навечер, коа се пушта акумулираната вода од приватна бушотина. Жителите велат дека без тоа е проблем кој се провлекува низа години а без вода во 21 веке е многу тешко
Населеното место Дрвош вода добива од приватна бушотина на Васе Божинов. Со потопна пумпа која работи на струја таа се носи до селскито резеровар кој се полни преку денот а навечер се пушта до домакинствата.
Во општина Босилово белат дека е намалена издашноста на приватната бушотина. Дневно резероварот се полни со 100 кубика вода што во однос на почетните 300 во јули е значително намалување а дел од жителите и понатаму ги наводнвуаат своите градини. Градоначалникот Зоран Зимбаков кажа дека наскоро трајно ќе се реши проблемот со оглед дека е потпишан договор со Градежниот институт на Македонија од 3,5 милиони денари за изведба на нова бушотина под селото со капацитет 20 литри во секунда која ќе се носи до селскиот резеровар а потоа и до сите домакинства на Дрвош.