Дрва за огрев има во доволни количини, информираат од струмичката подружница на ЈП „Македонски Шуми„. Од таму ветуваат дека обврските по склучените договори за продажба на огревно дрво ќе бидат исполнети пред почетокот на грејната сезона. Според директорот Михаилов, струмичкиот регион има потреба од голема количина на дрва, но доколку се појави дефицит, очекуваат помош од соседните подружници. На оние кои веќе имаат направено договори, дрвата ќе им бидат испорачани, смируваат од шумското стопанство Беласица.
Повеќето граѓани се уште немаат набавено огревни дрва. Дел се песимисти и се плашат дали ќе имаат дрва пред почетокот на сезоната,а останатите кои немаат склучено договори со Македонски шуми, бараат друг излез.
Цената на огревното дрво останува иста како и минатогодишната. Буковото дрво се продава за 2371 денар, а додека дабовото по цена од 2464 денари.