• Fri. Nov 22nd, 2024

Дојранското Езеро се прелева а хидросистемот троши милиони евра годишно за струја за да го наполни. Министерството за животна средина вели не може да се престане со дотур на вода поради договор со приватна хидроцентрала

Дојранското Езеро се прелева а хидросистемот Ѓавото непрестано го дополнува со нови количини свежа вода. Иако езерото речиси го достигна нивото од пред дваесетина години и ги поплави плажите и ги урна крајбрежните пешачки патеки, хидросистемот работи со половина од расположливиот капацитет. Максималните количини вода што може Ѓавото да ги дотура во Дојранското Езеро изнесуваат 1000 литри во секунда, а во моментов езерото се полни со 400 литри во секунда. Вработените во Ѓавото, кои реагираа дека хидросистемот прави сметки по 60 илјади евра месечно само за електрична енергија, вода што на езерото не му е  потребна,  а  голем дел од тие количини завршуваат во нелегалните приклучоци, велат дека хидросистемот не може да престане со работа бидејќи министерството за животна средина има обврзувачки договор со приватен концесионер кој има изградено хидроцентрала на езерото.

И од општина Дојран велат дека оваа пролет апелирале до министерството за животна средина хидросистемот времено да се престане со работа поради сериозен проблем со нивото на езерото, но по прекин од два дена повторно почнало со работа, а одговорот од министерството за животна средина бил дека концесионерот, сопственик на хидроцентралата мора да добива 200 литри вода во секунда, бидејќи таков е договорот. За сметка на тоа, пак, општина Дојран склучи договор со Грција, да се прочисти каналот за испуштање на вода од езерото од грчка страна, со што веруваат дека ќе се надмине проблемот со водостојот.

На прашањето, пак до министерството за животна средина зошто не се намали или прекине дотурот на вода од хидросистемот во езерото одговорија дека:

Министерството планира да изработи Студија за утврдување на состојбата на Дојранското Езеро и влијанието на ХС Ѓавато на езерото, согласно која анализа ќе се констатира одржливоста и еколошка состојба на езерото и ќе се утврдат соодветни предлози и мерки за работа на системот. Притоа укажуваме дека согласно Договорот што го има склучено МЖСПП со Мала хидроелектрана постои обврска со обезбедување на утврдени минимални количини за работа на хидроцентралата, поради што министертсвото мора да постапува и да ги почитува условите од Договорот.

 Дополнително укажуваме дека било кое стопирање на работата на системот и негово рестатирање ќе предизвика дополнителни финансиски трошоци, кое пак дополнителн оќе се одрази во финансикото управување.  

Какво  е влијанието на зголеменото ниво на водата во езерото врз биодиверзитетот, дополнително треба да се истражува и утврдува. Дојран е проглсен за заштитено подрачје, споменик на природата од 2011 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *