Со пари од ЕУ обезбедени од Програмата за прекугранична соработка со соседна Грција, општина Дојран набави пловен багер ,,Амфибија’’ за собирање на отпад . Како што не информираше градоначалникот Анго Ангов ова пловно возило е набавено преку проектот ,,Интегриран систем на управување со екосистемот на Дојранското Езеро’’ откако општина Дојран аплицираше пред европските фондови со партнери од грчка страна за заштита на Дојранското езеро
Возилото ќе работи во текот на целата летна сезона и тоа во утринските часови кога ќе нема капачи во езерото. Според проекциите нема да се чистат оние предели кои се прогласени за заштитни подрачја. Ангов вели дека наскоро ќе биде познат и операторот кој ќе врши реконструкција на пречистителната станица со што значително ќе се подобри квалитетот на водата на Дојранското езеро