• Sat. Nov 23rd, 2024

Домакинствата ќе бидат поделени во 4 блока со различни цени на струја

Регулаторната комисија за енергетика на јавна трибина ги презентираше заклучоците од анализите на предложената реформа на тарифниот систем за електрична енергија за скалесто тарифирање. Новиот правилник е направен од страна на експерти од факултетот за електротехника и од машинскиот факултет. Регулаторот уверува дека ќе се обезбеди фер пристап, односно оние коишто трошат повеќе ќе плаќаат повисока цена. Домакинствата ќе бидат поделени во четири тарифни модели односно блокови во зависност од месечната потрошувачка

Најкапо ќе плаќаат оние домакинства кои месечно ќе трошат над 630 киловати месечно во скапа тарифа. Најмалку домакинствата  кои трошат до 210 киловат часови енергија

Тој дополни дека кај 87 проценти од домаќинствата во зимските месеци ќе имаат намалени трошоци, но кај останатите, кои се големи потрошувачи ќе има зголемување на сметките. Во исто време, во летниот период се очекува кај 92 отсто од потрошувачите да има намалена потрошувачка и намалени сметки, додека пак кај останатите зголемена сума.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *