• Tue. Nov 26th, 2024

Документарецот „Трн“ посветен на Стојан Велков ќе биде прикажан на БОШ Фестивал во Гевгелија

ByЃ. K.

Aug 11, 2023

Годинава по 15-ти пат ќе се одржи мултимедијалниот фестивал „БОШ“ во Гевгелија. Во текот на 18 и 19 август Гевгелија ќе се наполни со театарски претстави и перформанси, музика, поезија, филмови и видео арт, изложби, работилници и други форми на интердисциплинарни и неконвенционални уметнички случувања. Влезот на сите настани е бесплатен. Дел од програмата ќе биде и документарниот филм „Трн“ којшто минатата година ја имаше својата премиера на Астерфест во Струмица.

Документарниот филм „Трн“ е посветен на актерот и граѓански борец и активист Стојан Велков Трн. Во филмот се опфатени повеќе фази од неговиот живот, но најбитен е психолошкиот пресек на неговиот внатрешен свет, духовна борба, која во еден дел ќе премине во немилосрдна борба со општото зло. Филмот е поделен на пет дела: Земја, Молк, Театар, Бунт и Дом.

Режисери на филмот се Столе Ангелов и Никола Пијанманов, кинематограф и монтажер е Столе Ангелов, а сценариото е на Никола Пијанманов. Музиката е на Ставро Ангелаков. Во филмот учествуваат Стојан Велков Трн, Дејан Ангелов, Саше Урдовски, Васе Велков, Исидора Велкова.

By Ѓ. K.