• Mon. Nov 25th, 2024

Дождот предизвика штета на дел од посевите засадени со пролетна зелка

Иако дождот во струмичко не беше толку интензивен да доведе до поплави какви што беа пред речиси три години, сепак дел од земјоделските површини повторно настрадаа. На удар се дел од посевите засадени со пролетна зелка. Некои земјоделци од струмичко Сарај стравуваат дека нема да ги имаат потребните количини и квалитет, бидејки за неполн месец треба да ги берат и првите количини на зелка.

Струмичките земјоделци се загрижени за да не дојде до нови врнежи од дожд, бидејки како што велат расадот може и целосно да се уништи. Според нив, трошоците за производство во тој случај никако нема да можат да ги покријат.

Инаку дел од земјоделците од Пиперево и Банско веќе ги набраа првите количини на пролетна зелка под пластеници.