Златните плакети на 25-тото јубилејно издание на меѓународниот фестивал на афоризам и карикатура во Струмица ги добија полскиот карикатурист Михаил Грашчук и српскиот афористичар Нинус Несторовиќ.
Фестивалот, инспириран од Струмичкиот карневал, го има карневалот и еротиката како главна тема, што го прави единствен во државата.
На затворањето на фестивалот беа доделени и сребрени и бронзени плакети, како и специјални признанија од организаторите на Струмичкиот карневал.