На иницијатива на спортски работници првиот човек на општина Струмица, Костадин Костадинов синоќа во Домот на АРМ им врачи благодарници на 12 познати струмички фамилии од чии редови излегле најмалку 5 врвни спортисти кои покажале одлични резултати на домашен и меѓународен план
,,Струмица од секогаш била, е и ќе биде град на спортски таленти коишто постигнале врвни спортски резултати ширум светот. Според евиденцијата на спортските ветерани само од населбата Бабјак во Струмица се излезени 300 спортисти што е реткост и во пошироки рамки“кажа градоначалникот Костадинов.