40 денари за килограм е почетната цена на пролетната зелка. Набрани се првите количини од оваа култура, а засега откупувачите нудат добра цена. Ристо Велков, претседател на Синдикатот на земјоделски производители, вели дека станува збор за откуп на мали количини, а дури после 10 април, ќе се знае дали и колку земјоделците се задоволни од откупната цена, кога ќе се берат и поголеми количини пролетна зелка.
Велков вели дека годианва се очекува да се наберат околу 60.000 тони пролетна зелка.
-„Мислам дека годинава зелката е засадена на површина од околу 1.500 хектари. Според тоа, очекуваме да се наберат околу 60.000 тони пролетна зелка„-вели Ристо Велков.
Земјоделците стравуваат да не се намали цената на пролетната зелка со зголемување на понудата, па во тој случај нема да можат да ги покријат производствените трошоци.