На Фејсбук страницата на Јапонската амбасада во Македонија се појави симпатично видео каде ученици од Токио, точно од средното училиште Таканава испраќаат поздрав на македонски јазик.
Овие ученици македонскиот јазик го изучуваат веќе две години, а главен иницијатор за видеото бил нивниот професор Томоки Аојама.
Тие исто така ја презентираат македонската кујна, природното наследство на земјата и обичаите на училишните фестивали, пишува во објавата на Јапонската амбасада.