Шестото издание на Струмица опен фест ќе стартува на 3 а ќе заврши на 13 август. На пет сцени ќе се одржат 20 настани а маѓијата на фестивалот ќе ја пренесат 80 артисти.
Музичкиот дел на фестивалот започнува во петок на 11 август и ќе настапат Гаро и браќата Тавитјан со специјалните гости од Балканот- Сергеј Четковиќ, Жељко Бебек и Јелена Томашевиќ. Во петок ќе настапат и Галија, Александар Гaлоски и Пата пата рекордингс.
Во сабота ќе настапат македонската пејачка Дани Димитровска, рок составот Ван гог, и балканската пејачка Јелена Розга
Во недела на сцената на Струмица опен фест ќе бидат Нино Величквоски, Qeen real Tribute, Disconnected and Cirillic а честа да го затвори фестивалот ке ја има најпопуларниот балкански кант автро Дино Мерлин