СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.Ф.(34) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дел „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 24.03.2022 во Струмица, полициски службеници извршиле претрес на лице од Струмица, при што пронашле и одзеле марихуана за која било констатирано дека ја набавил од пријавениот.
Подоцна, бил извршен и претрес во домот на пријавениот, каде што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.