До сега најголема излезност за претседателските избори во дипломатско-конзуларните претставништва во Европа има во Прага (23.4%), додека најниска во Истанбул (3.57%), соопшти портпаролката на ДИК, Љупка Гугуческа.
„Ггласањето се одвива тековно и без проблеми. Излезноста во ДКП-ата во Будимпешта е 18,75 проценти, во Брисел 18,37, во Загреб 16,67… Излезноста во ДКП-ата до 18:30 часот во Канбера е 38 отсто додека во Мелбурн 57,58 проценти. Гласачките места во САД и Канада ќе бидат отворени во 19 часот.“, изјави Гугуческа.
Одговорајќи на новинарско прашање, портпаролката на ДИК информира дека денешното гласање во затворите се одвива без проблеми и до 10 часот правото на глас го искористиле 22 проценти.
-Во 13 КПУ право на глас имаат 1.640 лица. Сите места се отворени на време и гласањето тече без никакви проблеми, истакна Гугуческа.