• Fri. Nov 22nd, 2024

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66, односно за 0,28 отсто.

Новата малопродажна цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 71 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 72,5 денари. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 63 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста, односно 51,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,598 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 33,053 денари.

Како причина за промената на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за четири отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 3,03 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *