• Sun. Nov 24th, 2024

Децата за правилен раст и развој да запишат било каков спорт, советуваат спортските тренери

ByIvana Vangelova

Jun 22, 2023

Младите се се помалку физички активни.Слободното време се почесто го користат пред компјутери и телефони.Не мора да станат врвни спортисти,но за правилен раст и развој на телото децата да имаат запишано било каков спорт,вели тренерот Александар Митев.

 А намалениот крвен притисок,зголемена елатичност и зголемена енергија на телото се само неколку од многуте здравствени  придобивки од јогата,а најважно е што таа не познава возрсни граници,вели Илија Даов,претседател на здружението Јога Струмица. Тој вели  дека во Струмица се поголем е интересот за јога,а наскоро ќе започнат со часови за деца од школска возраст.