Денешниот ден 2 април – меѓународен ден на книгата за деца, детската градинка „Виножито“ го одбележа со повеќе активности.
Тие ја посетија библиотеката „Благој Јанков Мучето“ и заедно со авторката Ксенија Маказлиева Трајчева разгледуваа книги и разговараа, пееја песни и читаа приказни.
Авторката ги посети децата и во градинката каде што и другите дечиња имаа можност да ги слушнат нејзините приказни и да ја добијат нејзината книга.