Градоначалникот Костадинов им посака добредојде на ветераните на ФК „Партизан“ во својот кабинет. Тој истакна дека фудбалот му е „слаба страна“ и тоа е една од причините што се чувствува пресреќен од нивната посета.
- Струмичани знаат зошто фудбалот ми е „слаба страна“. Тоа е една од причините што денес се чувствував пресреќен од посетата на десеттина поранешни фудбалери на ФК „Партизан“ од Белград и членови на управниот одбор на овој клуб.
Тој истакна дека голема чест и задоволство е да се биде во друштво на познатите поранешни фудбалери, како што се: Ненад Стојковиќ, Рефик Козиќ, Мики Живаљевиќ, Предраг Томиќ, Ненад Цветковиќ, Раде Залад.
- Убавиот подарок – дрес на ФК „Партизан“ со нивните потписи, ќе најде свое место во мојот кабинет. Браво за ветераните на „Партизан“ за нивната желба да ја посетат Општина Струмица, но и да се поклонат пред вечното почивалиште на струмичката, македонската, југословенската и интернационалната фудбалска легенда Благој Истатов.