Во Скопје во моментов има 1.837 активни случаи на коронавирус, а трофифрен е бројот на заразени во 10 скопски општини.
Според последните податоци, најголем број од заразените се од Чаир – 284, Понатаму, Гази Баба – 202, Аеродром – 171, Центар – 151, Карпош – 146, Бутел – 139, Кисела Вода – 123, Сарај – 116, Ѓорче Петров – 113, Студеничани – 109.
Во Шуто Оризари заразени се 97, Арачиново – 32, Илинден – 21, Петровец – 20, Чучер Сандево – 12, Сопиште – 13, Зелениково – 12.
Седум од активните случаи се странци, а нераспределени се 69 лица.
Вчера беа регистрирани 164 новозаразени и пет починати на целата територија.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.786, бројката на оздравени пациенти е 4.676, на починати е 406, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.704.
извор: макфакс