Струмичанецот Дејан Илиев со неговиот Арсенал ќе игра во Лигата на Европа. Топчиите го пријавија струмичкото момче во ова натпреварување рамо до рамо со големите голмански имиња Петр Чех , Бернд Лено и Емилиjано Мартинез. Со самата пријава значи дека клубот верува во Дени кој потекнува од школата на струмичка Беласица
Илиев моментално е член на У23-тимот на Арсенал , со кого лани ја освои англиската Премиер лига и преставува огромна надеж за топчиите кои летово го продолжија договорот со Дени кој повремено се наоѓа и на списокот на македонската фудбалска репрезентација
https://www.facebook.com/ilievdejan1/videos/2104134966265310/