• Fri. Nov 22nd, 2024

Денеска облачно, од утре пад на температурите за 10 степени

Денеска облачно, од утре пад на температурите за 10 степени.

Облачно време ќе преовладува денеска во земјава, а кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд претежно во посеверните делови.

Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта.

Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, а кон крајот на денот од северните делови ќе сува засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната од 18 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер кој пладне ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во недела и понеделник под влијание на влажна и студена воздушна маса ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Пообилни врнежи ќе има во недела, особено во јужните и источните делови.

Дневните температури ќе се намалат за повеќе од 10 степени, а од вторник на места ќе има утрински температури под нула.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *