Денеска една година од првиот смртен случај од коронавирус
Министерот за здравство Венко Филипче на денешен ден пред точно една година посочи дека се работи за 57-годишна жена од Куманово, каде посмртно и бил дијагностициран коронавирусот.
„За жал, го имаме и првиот смртен случај од коронавирусот кој посмртно во Куманово беше дијагностициран доцна синоќа. Се работи за жена која што имала 57 години. Во однос на приемот и третманот сакам да кажам дека колегите постапиле согласно протоколот за изолација, навремено се земени два теста и двата теста иницијални покажеле негативен резултат. Но, и покрај негативните резултати заради тоа што болеста била типично за коронавирусот таа била третирана во изолација. Тој период на хоспитализација траел изминатата недела во Општата болница во Куманово, а брис е повторно земен после констатација на смртта во текот на вчерашниот ден и тој бил позитивен“, рече Венко Филипче.