• Fri. Nov 22nd, 2024

Денеска Дојран гласа дали водоводот и канализацијата да се дадат на јавно – приватно партнерство

 

Дојран денеска гласа. Жителите на оваа крајезерска општина одлучуваат дали водоводот и канализацијата да се дадат на управување на јавно – приватно партнерство. Општинската изборна комисија вели дека гласањето се одвива без проблеми.

Граѓаните сметаат дека треба сами да одлучуваат кога станува збор за прашања што се од суштинско значење за цела заедница.

Убавиот неделен ден примами голем број туристи во Дојран. Поради раздвиженоста од гостите, не се приметува дека локалните жители имаат референдумско гласање.

Дојран е прва општина во државата која сака дел од комуналните услуги да ги понуди на јавно – приватно партенрство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *