Денеска Владата на седница ќе одлучува за тоа дали ќе има дневен престој во училиштата за децата од прво до трето одделение кои родителите ги пријавиле за физичко присуство на наставата, откако вчера Комисијата за заразни болести даде препорака дека може да се организира дневниот претстој.
Велат дека се е утврдено според протоколите за заштита од корона вирусот и практично дневниот претстој би го користеле истиот број деца колку што ќе следат настава со физичко присуство.
Дел од родителите кои одлучија нивните деца да одат во училиште велат дека ако Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести би било големо олеснување за нив, бидејќи во дневниот пртестој децата ќе бидат згрижени целосно додека тие се на работа. Но сепак имаат една дилема:
-Секако дека ако дозволи Владата ќе ги пријавам моите две деца да остануваат во дневен престој по часовите, но ме загрижува прашањето дали освен што би донела Владата таква одлука, дали и самите училишта ќе треба да дозволат да се организира дневниот претстој. Не сме сигурни дали тоа ќе биде нивна обврска да мора да го организираат дневниот претстој, вели во разговор за Фактор, С. М. мајка не ученици во второ и во трето одделение.
Инаку според министерката за образование Мила Царовска, согласно насоките кои ги имаат од Комисијата за заштита од заразни болести не би требало да е проблем да се организира дневен престој за децата чии родители мораат да одат на работа.
– Неколкупати сме рекле дека тоа се истите деца кои ќе следат часови заедно, па не е проблем да продолжат да бидат заедно уште неколку часа, изјави министерката.