Дечињата и нивните наставнички од групата за целодневен престој при ЈОУДГ „Детска Радост“ – Струмица посетија неколку одделенија во единицата на локалната самоуправа, како и кабинетот на градоначалникот Костадин Костадинов. Притоа беа запознаени со функцијата на секое од тие одделенија и со улогата и работните задачи на градоначалникот како прв човек во Општината.
Радува фактот што, во рамките на годишната програма на предучилишните и училишните установи, сè почести се посетите од дечињата и учениците на Општина Струмица.