После две недели напорна работа, денес и официјално завршува 53-та струмичка ликовна колонија. 20-мина уметници од земјава и странство изработија околу 50-тина нови дела, кои ќе останат вечна трајност во уметничката галерија. Еден од учесниците беше и Андријана Мациев од Скопје. По струка е графичар, но на струмичката ликовна колонија ќе се претстави и со акрил на платно. Ова е нејзино прво учество на колонијата, и голема чест и е што е дел од една ваква прекрасна манифестација.
Мациев досега има повеќе самостојни и групни изложби. Учествува во колонии и други манифестации во и надвор од земјата. Добитник е на повеќе награди.
53-та струмичка ликовна колонија завршува денес, а делата ќе бидат изложени на 11-ти септември, Денот на ослободувањето на Струмица.