• Sat. Nov 23rd, 2024

Демократски сојуз: ЕУ има обврска да почне преговори со Македонија

Демократскиот сојуз смета дека Советот на Европската Унија на Самитот во Брисел закажан за 28 и 29 јуни, има обврска и одговорност да донесе одлука за започнување на пристапните преговори со Република Македонија, со што ќе се деблокираат европските- интегративни процеси за нашата земја и ќе се отворат преспективи за Македонија, велат од партијата.

„Најавата за вето од некои земји членки на ЕУ, можат да го срушат постигнатиот договор со Грција, кој е постигнат за деблокадата на евроатланските процеси. Инаку Грција досега го користеше правото на вето односно носењето на одлуките на Советот на ЕУ со консензус, поради што Македонија има статус на кандидат за членство во ЕУ веќе 13 години, без можност да ги започне пристапните преговори за членство во ЕУ“, велат од ДС.

Од таму бараат Македонија да биде ставена на таканаречена „брза лента” и интеграцијата да се одвива со забрзано темпо.

Според партијата, без разлика на контраверзните ставови на опозиционите партии во врска со договорот помеѓу Македонија и Грција, во Македонија постои партиски и граѓански консензус за полноправно членство во ЕУ И НАТО.

извор:www.makfax.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *