Струмичките епидемиолози досега мапирале деветмина граѓани коишто треба да се во самоизолација од новодијагностицираниот случај денеска. Меѓутоа, се очекува бројот да биде и повисок, велат од Центарот за јавно здравје.
Во последните 24 часа во Македонија пет лица починаа од коронавирус, а потврдени се 103 нови случаи. Тројца од починатите се од Скопје, еден пациент од Куманово и еден пациент од Тетово.