Македон Димитровски (9) ја објави својата прва книга, насловена „Од атоми до универзумот“, во која го истражува универзумот и неговото создавање. Иако е познат по учеството на натпревари и освоени медали во шах, неговиот научен труд ја опфаќа областа астрономија.
Во книгата, напишана на англиски јазик, Македон објаснува зошто избрал токму овој јазик за да ги опише планетите, ѕвездите и галаксиите:
– Оваа книга е напишана на англиски јазик и ја направив за да можат другите да научат за вселената и за да можат повеќе да се заинтересираат на оваа тема, за во иднина да имаме повеќе научници, што ќе сакаат да истражуваат и да учат – вели малиот генијалец.