• Sat. Nov 23rd, 2024

Дебата за складирањето и третман на отпад во Гевгелија

Дебата за погонот за складирање и третман на отпад во Гевгелија

Во Гевгелија денес беше одржана средба на која: претставниците на Министерството за животна средина и просторно планирање, претседателот и членовите на Советот на Општината, компаниите од Јужната индустриска зона и невладините организации, беа запознаени од страна на претставниците на компанијата GO WASTE Solution ДООЕЛ Скопје за новата инсталација, во погоните на улица „Индустриска“ во Гевгелија.

            Според градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, средбата е организирана да се запознаеме со фактите, притоа потсетувајќи дека во 2019 година на иста ваква средба, во ист формат, се произнесовме негативно по барањето на компанијата „П & П Индустриас“ ДОО Скопје за складирање и производство на пелети од RDF во Гевгелија.

Поточно, најпрво, како Градоначалник се произнесов негативно на бараното мислење, доставено од Министерството за животна средина.

По повтореното барање, организирав јавна средба со претставниците на компанијата за запознавање со нивниот проект, а Советот на Општина Гевгелија на својата 35 седница, одржана на 12 ноември, 2019 година, го потврди негативно мислење.

         

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *