Двојно намалување на водостојот во однос на вчерашното мерење, денеска е забележано на реката Струмица кај Ново Село и сега е во рамките на просекот за август. Од Управа за хидрометеоролошки работи очекуваат водостојот и натаму да се намалува.
Кај другите реки, денеска не е забележана голема разлика во однос на вчерашната состојба, освен на Бабуна кај Богомила, каде е забележано намалување во однос на вчера.
Речиси кај сите реки водостојот е поголем во однос на просекот за август. Од Управа за хидрометеоролошки работи не очекуваат да има промени во следните денови.
Водостојот на Охридското, Дојранското и Преспанското Езеро е во рамки на просекот. Таква ќе биде состојбата и во следите денови.