Од почетокот на отворањето на градинките, пријавени се два посебни случаи на вработени позитивни на Ковид-19, во две детски градинки.
Во првиот случај, се работи за објект „Коца Василевска“ при ЈОУДГ Мајски Цвет , Битола, каде е остварен е контакт со родителите на децата и изолирани се само децата од таа група, вкупно пет. Согласно проценките, нема опасност за останатите групи од објектот и тие можат да продолжат со работа и примање на деца. Притоа, во домашна изолација се и други пет вработени во истата градинка до 15 односно 17 септември, од последниот контакт со заболената вработена во градинката, информираат од Министерство за труд и социјална политика. Истовремено и за сите пет деца кои биле во групата на вработената, даден е предлог за здравствен надзор заклучно со 23 септември. Во однос на оваа градинка, од МТСП велат, дека се превземаат сите мерки за дезинфекција на објектот и просторијата во градинката.
Во вториот случај, се работи за вработена во градинка ЈУДГ на О.Ц ,,Раде Јовчевски Корчагин“, која од 9 септември не е на работното место и нема контакт со прием на деца во период кога градинките почнаа со работа. Согласно, препораката на епидемиолозите, каде е пријавен случајот, доколку до недела 13 септември, не се пријават вработени со симптоми објектот може да продолжи да работи нормално од понеделник.
Согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца, по престанување на траење на вонредна состојба, просториите во установата се дезинфицираат секојдневно по повеќе пати. Од градинката информираат дека до денес немаат пријавено друг вработен од истиот објект со симптоми на вирусот Ковид 19.
извор: makfaks https://makfax.com.mk/makedonija/