Попладнево две малолетни момчиња загинале во несреќа што се случила пред мостот на реката Струмица што ги поврзува Добрејци и Пиперево . Според првичните непотврдени инфомации двата тинејџера се движеле со трактор по брегот за да излезат на патот од Добрејци кон Пиперево и од непознати причини излетале од трапот. Портпаролот на струмичката полицијата Хризантема Рендевска потврди за несреќата и дека две малолетни момчиња на возраст од 14 и 15 години се починати. Несреќата се случила околу 15 часот и допрва треба да се утврдат причините како настанала и дали момчињата се удавени или подлегнале на повредите од превртениот трактор. Увид извршиле екипи на полицијата и јавното обвинителство