• Fri. Nov 22nd, 2024

Двајца гевгеличани попладнево се изгубија на планината Кожуф. Се трага по нив

Двајца гевгеличани на возраст од 70 години се изгубиле попладнево на планината Кожуф, потврди полицијата. Случајот го пријавил синот на еден од исчезнатите. Тој на службениците од Свр Струмица им рекол дека татко му заминал утрото со уште еден пријател на рекреација во планината, но  околу 17 часот му се јавил да му каже дека е изгубен некаде во околината на месноста викана Круша. Во моментов од којшто го контактирал синот не е достапен и не можат да се поврзат со нив за да ги лоцираат, а се претпоставува дека батеријата е испразнета или теренот не е мрежно покриен.

Итно е организирана потрага од страна на полицијата, шумска полиција и ловџии од ловното друштво „Елен“ од Гевгелија. Засега трае потрагата а нема информации како напредува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *