• Fri. Nov 22nd, 2024

Два нови случаи од ист кластер во Струмица: 24 годишно момче и 37 годишна жена

Два нови случаи на КОВИД – 19 во општина Струмица. Момче на 24 години и 37 годишна жена се регистрирани како позитивни на корона – вирус во последните 24 часа. Центарот за јавно здравје Струмица информира дека станува збор за пациенти од познат кластер.

Со овие два новодијагностицирани, бројот на активни случаи се искачи на 25 во овој град. Од почетокот на пандемијата, регистрирани се вкупно 54 случаи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *