Управата за јавни приходи – УЈП, го пролонгира за 4 дена рокот до кој може да се поднесуваат ДДВ пријавите.
Причина за ова, како што соопштуваат од УЈП, е воведувањето на нов образец ДДВ 04 согласно измените и дополнувањата на Закон за данокот на додадена вредност.
Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 01.10.2020-31.12.2020 и 01.12.2020 -31.12.2020 се продолжува за 4 дена, односно за краен рок за поднесување ќе се смета 29 јануари 2021. – информира УЈП