• Mon. Nov 25th, 2024

Дали советниците на Валандово сами ќе свикаат седница?

Валандовчани повторно ќе излезат на улица во знак на револт бидејќи претседателката на советот Јасмина Сечкова нема да свика седница на којашто ќе распише рефрендум. Наместо да закаже седница како што вети дека ќе направи во законски одредениот рок по предавањето на потписите од страна на иницијативата „Спас за Валандово“,Сечкова во изјава за радио Валандово, се прогласи за ненадлежна.

Ставот на Сечкова ги разлути активистите кои со месеци бараат рефрендум за рудникот Казандол. Апелираат советниците да се одговорни кон своите граѓани.

Денеска истекува рокот од 15 дена за свикување седница. Претседателката одби, но советниците можат и сами да ја закажат и доколу имаат мнозинство да распишат рефрендум.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *