• Fri. Nov 22nd, 2024

Да се крати администрација, а не да се воведуваат нови даноци, смета Трајан Ангелески од ССК

Многу луѓе се иселуваат или наоѓаат вработување во други земји и поскапува цената на трудот. Одредени кадри ги немаме во онаа посакувана расположивост, како што би требало, така што за очекување е, не само храната, туку и други сервисни услуги, и други работи кои се јавуваат како трошок во економијата или суровини или енергенси или сè останато дека би можело да поскапи. Минатата година се случи голем шок со војната во Украина, нагло поскапеа одредени прехранбени производи, но во исто време поскапе и цената на трудот и затоа имаме впечаток дека не се вратија цените на храната на посакуваното ниво, како што беа изминатите години. Нашиот заклучок е дека никогаш нема да се вратат на тоа ниво, вели во интервју за РСЕ, претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски.

На прашање за увоз на странски работници, тој вели дека државните институции пред сè треба да се фокусираат на нерационалните трошења коишто се појавуваат во јавните претпријатија, во државниот апарат.

-Ние имаме јавни претпријатија кои со години бележат длабоки минуси изброени во десетици милиони евра и наеднаш овие компании и менаџментите на овие компании се амнестираат и се промовира еден нов систем на солидарност, кој на крајот на денот може да го постави прашањето солидарност на што. Солидарност на неефективното работење на сите овие, дали станува збор за железнички претпријатија или други јавни системи. Навистина сметаме дека постои огромен простор за рационализација, намалување на јавната администрација, дури сметаме дека постои можност и да се појават вишок средства, а не намалени средства па да се продуцираат нови даноци за прибирање на нови пари, порача Ангелоски.