• Fri. Nov 22nd, 2024

Грција ја продолжи забраната за влез нa македонските граѓани до 7 јануари

Грција ја продолжи забраната за влез на странски државјани, вклучувајќи ги и нашите државјани, до 7 јануари. Одлуката важи за периодот од 15 декември до 7 јануари.

Врз основа на заедничката министерска одлука на грчката влада од 12 декември 2020 година, во сила е забрана за влез на странски државјани во Грција, со цел да се спречи понатамошното ширење на Ковид-19.

Оваа забрана не се однесува на граѓаните на земјите членки на ЕУ и на земјите од Шенгенот.

Забраната не се однесува на медицинскиот персонал, истражувачите и здравствените работници, под услов нивниот влез во Грција да има деловни цели, лица кои подолго време престојуваат во земја членка на ЕУ или во Шенген зоната, како и оние кои имаат дозвола за престој во земјите -членки на ЕУ или во Шенген зоната.

Исто така, оваа забрана не се однесува на членовите на државната делегација, персоналот на дипломатско-конзуларните претставништва и делегации, персоналот на меѓународни и европски институции, членови на хуманитарни организации за време на активностите, воениот персонал и припадниците на безбедносните сили или грчкиот Генерален секретаријат за цивилна заштита.

Забраната не се однесува на вработените во областа на транспортот, вклучително и поморскиот и речниот сообраќај, екипажот на авионите, екипажот и техничкиот персонал на противпожарните авиони, како и на возачите на камиони кои се во транзит поради транспорт на стоки, како и апсолутно потребниот персонал за нивниот транспорт.

Оваа одлука на грчката влада не се однесува на патниците во транзит, студентите кои студираат во Грција, луѓето кои се грижат за стари лица и лица со посебни потреби, како и сезонски земјоделски работници.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *