• Fri. Nov 22nd, 2024

Граѓанските здруженија од Валандово се вклучија во кампањата против Казандол

Се окрупнува граѓанската иницијатива  Спас на Валандово која е против  отварање на рударскиот комплекс Казандол. Во неа се вклучија сите граѓански здруженија кои сметат дека рудници не се потребни во нивната општина  а резултатите од референдумите треба да ги почитуваат одговорните инситуции во државата. 

Подршка добија од здруженија на органски производители, лозари, сточари,младински организации, земјоделци.  За нив референдумот закажан на 20 август е историски ден во кој самите валандовчани ќе кажаат дали сакаат тешкo загадувачка  индустрија или чиста еколошка средина

Органските производители  од Валандово се плашаат дека ке ги загубат сертификатите за кои се трудела со години  да докажат на пазарите дека имаат органски јаболка, смокви, калинки. Гласот го кренаа и сточарите кои се плашат дека пасишта ке бидат уништени и ке се десеткува сточниот фонд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *