Се формираат групи на социјалната мрежа Фејзбук преку кои граѓаните добиваат информации на кои места е најпотребна помош, каде може да се донираат потребните средства но и каде има потреба од волонтери и друг вид на помош. Најактивна во моментов е групата насловена како Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје.
На оваа група може да се добијат повеќе информации како:
– потребна помош од волонтери;
– потребна помош во вид на донации;
– информации за нови собирни места за помош;
– информации за расположливи човечки ресурси за директна помош;
– информации за состојбата на терен, и во настраданите подрачја и на местата за собирање донации.