• Fri. Nov 22nd, 2024

Граѓаните од Југоистокот утре во втор груг ќе гласаат за нов претседател на државата.

Во 10 те општини ќе се бира нов претседател ама во една од нив ќе има двојно гласање, ќе бира и градоначалник.Во општина Ново Село на 20 избирачки места жителите ќе бираат и нов градоначалник.За градоначалник ќе гласаат 11,364 граѓани додека пак за претседател 11,301.Разликата е затоа што се пријавиле и од дијаспората за галасање за нов градоначалник.Во првиот изборен круг за претседател гласале 5,544 гласачи или 49%.Во најголемата општина во југоистокот – Струмица ќе се гласа на 80 избирачки места а право на глас имаат 49.162 граѓани .На 21 минатиот месец од вкупно илзегле само 46% од гласачите или 22,792 граѓани со право на глас. Денес гласаа граѓани кои влегуваат во категорија на болни и изнемоштени , но гласаа и оние кои се во казнено поправниот дом.Граѓаните пак на о.Радовиш ќе гласаат на 46 гласачки места, а право на глас имаат 23,522 гласачи.Во првиот изборен круг излезеноста во оваа општина била 37, 22% или гласале вкупно 19,018 граѓани.Соседната општина Конче утре ќе ги отвори 10 избирачки места за 2,703 граѓани кои имаат право на глас и гласаат за нов претседател на Македонија, а на првиот изборен круг својот глас го дале 1,488 граѓани или 54,23%.

Жителите на Василево утре од 7 часот наутро ќе можат да го дадат својот глас на 19 избирачки места , а право на глас во оваа општина имаат вкупно 10,446 граѓани , додека пак денеска гласаат 126 болно и изнемоштено лице.Во првиот изборен круг во оваа општина излезеноста била 46% или од вкупниот број на гласале 4.840 жители. 12,163 жители пак од о.Босилово утре можат да го остварат правото на глас на 19 избирачки места во општината и населените места,а пак денеска 43 лица гласаат. Жителите на о.Богданци утре ќе можат да го остварат правото на глас на 12 избирачки места а право на глас имаат 6,465 жители, додека пак 3,257 лица веќе го оставрија своето граѓанско право и гласаа за нов претседател на државата, во првиот изборен круг.

Гевгеличани утре ќе гласаат на 36 избирачки места а право на глас имаат 19,242 житеки ,денес пак гласаат болни и затвореници веќе го остваруваат правото на глас , а од општинската изборна комисија велат дека гласњето тече без никакви проблеми.ВО првиот изборен круг од вкупниот бој на гласачи излегле 11.514 граѓани или 59,84% гласачи.Дојранчани ќе гласаат на 9 избирачки места а право на глас имаат 2.755 .На 21 април гласале само 1,582 граѓани.

Според македонските закони, кандидатот за претседател може да победи во прв круг доколку освои над 50% од гласовите на сите регистрирани гласачи во избирачкиот список , што во првиот круг не се оствари, односно имаше само 41.67% излезеност од вкупниот број на гласачи на ниво на Македонија.Утре ќе се спроведе вториот изборен круг во кој ќе се натпреваруваат двајцата кандидати со најмногу гласови од првиот круг. Одзивот во вториот круг треба да биде над 40% за гласањето да се смета за важечко. Според Уставот, претседателскиот кандидат треба да има над 40 години и да биде жител на државата најмалку 10 од последните 15 години. Еден мандат на претседателот трае 5 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *