• Fri. Nov 22nd, 2024

Граѓаните нема да имаат бенефит од намалувањето на ДДВ-то на електричната енергија

MINOLTA DIGITAL CAMERA

Граѓаните нема да имаат бенефит од намалувањето на ДДВ-то на електричната енергија

Граѓаните да не очекуваат бенефит од намалувањето на ДДВ-то за електричната енергија  од 18 на 5% вели даночниот експерт Славко Лазовски. Иако намалувањето на даноците секогаш се правда со тоа дека повеќе ќе остане во џебот на граѓаните, тоа никогаш не се случува, објаснува тој во интервју за „Локално“ потенцирајки дека ваквиот потег на владата ќе предизвика намалување на приходите по овој основ во Буџетот и ништо повеќе.

Тоа од своја страна значи дека граѓаните на оваа земја ќе располагаат со помалку јавни средства и тоа токму во времето кога се најпотребни”, вели тој.Поправично според него е да се најде начин да се вбризгаат пари во секторот енергетика и да се зголемат издвојувањата за енергетска сиромаштија и вложувањата во енергетска ефикасност. Квалитетната даночна политика на една земја се отчитува кај овој данок, и тоа вели Лазовски е полето за натпревар на мајсторите на даночната политика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *